Берлин /06/01/ 15:51
Голем дел од Европа денеска се соочува со драстично ниски температури и мраз кои сериозно влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните.
Во источна Германија денеска се измерени температури до -26 Целзиусови степени, а во Берлин и околината до -19.
Поради студот, на парискиот аеродром Роис затекнати се околу 2.000 патници и одложени се дури 150 летови.
Ситуацијата е дополнително отежната и поради актуелната криза со гас помеѓу Русија и Украина, која се одразува на многу европски земји. /крај/хр/мс
Copyright 2009 Makedonia